Паметна метеоролошка станица и интелигентен асистент за поддршка на прецизното земјоделство
T-Weather е паметна метеоролошка станица која овозможува далечински пристап до прецизни локални податоци за временските услови во реално време. Системот собира и анализира метеоролошки информации директно од вашето поле и ги претвора во јасни, разбирливи и практични извештаи.
Со помош на специјализирани пресметки и интелигентна обработка на податоците, земјоделците добиваат навремени информации за условите на теренот како и прогноза за наредните 15 дена, што им овозможува да носат сигурни одлуки, да ги оптимизираат агротехничките активности и значително да ги намалат трошоците за инпути.
Прецизно мерење на температурата на воздухот и почвата за подобро планирање на агротехничките активности
Следење на локалните услови за ветер за побезбедна примена на заштитни средства
Континуирано следење на влажноста на почвата како основа за оптимално наводнување
Навремени податоци за врнежи и микроклиматски услови специфични за вашето поле
Поддршка за носење одлуки базирани на реални и проверени податоци
Со инсталација на T-Weather агрометеоролошки станици, земјоделците добиваат сигурен и постојан пристап до 15-дневна временска прогноза, независно од локацијата. Овие податоци овозможуваат подобро планирање, рационално користење на ресурсите и навремено преземање мерки за заштита на производството.
Преку сензори инсталирани директно на полињата, земјоделците добиваат навремени аларми за ниска температура кога вредностите паѓаат под зададен праг, што им овозможува навремено да реагираат и да ги намалат ризиците од мраз.
Сите клучни метеоролошки потребни податоци, се собираат преку T-Weather агрометеоролошките сензори, кои во чести интервали мерат температура на воздухот, врнежи, брзина на ветерот, влажност, атмосферски притисок, влажност на листовите, температура на крошната, сончево зрачење и др. Овие податоци се обработуваат и јасно се прикажуваат на корисниците преку корисничкиот портал.