T-TRAP

 

Детекција на штетници во реално време и навремени одлуки за ефикасна заштита на растенијата

T-Trap е интелигентен систем за автоматско откривање и следење на штетници, базиран на вештачка интелигенција.

Технологијата овозможува континуирано следење на популациите на штетници директно на терен и обезбедува прецизни податоци во реално време.

Со навремени и точни информации, земјоделците можат да донесуваат информирани одлуки за заштита, да го одредат вистинскиот момент за интервенција и да го намалат непотребното користење на средства за заштита.

 

Дигитална феромонска стапица

Вградената камера автоматски снима слики од заробените штетници привлечени со специфичен феромон за секој вид.

Вештачката интелигенција ги анализира сликите и прецизно ги идентификува видовите на штетници.

Податоците за динамиката и зголемувањето на популациите се прикажуваат во корисничката платформа, овозможувајќи дневен увид во состојбата на терен.

Системот помага во точно определување на оптималното време за примена на заштитни мерки, со што се намалуваат ризиците и трошоците.

Развој на популацијата на штетници

4 Јуни
21 Јуни
12 Јули

Ажурирање на бројноста на штетници во реално време

Сликите снимени од дигиталната феромонска станица се автоматски и безбедно се обработуваат, се складираат во cloud и се анализираат со помош на вештачка интелигенција, овозможувајќи континуирано следење на популацијата на штетници. Преку јасен увид во промените и флуктуациите на бројноста, земјоделците можат навремено и прецизно да ги планираат активностите за заштита на растенијата. Овој пристап овозможува намалување на оштетувањата на приносот, оптимизирана употреба на пестициди и носи значителна заштеда на трошоци, со избегнување на непотребни третмани.

Која е целта на дигиталната феромонска стапица?

Целта на дигиталната феромонска станица е да им помогне на земјоделците навремено и прецизно да знаат кога и колку штетници има  на нивните парцели, без потреба од постојани теренски проверки.

Со автоматско следење и анализа во реално време, земјоделците добиваат јасна слика за состојбата со штетниците и можат да реагираат точно тогаш кога е потребно – ниту прерано, ниту предоцна.

Ова значи:
помалку ризик за културите,
помалку непотребни прскања,
пониски трошоци и
поодржливо производство.

Како функционира феромонската стапица?

Дигиталната феромонска станица функционира врз природен принцип кој веќе е широко познат и применуван во земјоделството, тоа е користење феромони за привлекување на штетници. Секој вид штетник реагира на специфичен феромон, што овозможува прецизно и селективно следење на популацијата по вид.

Откако штетниците ќе бидат привлечени во станицата, вградената камера автоматски ги снима во редовни временски интервали, без потреба од човечка интервенција. Овие слики потоа се обработуваат со помош на вештачка интелигенција, која ги препознава видовите на инсекти и прецизно го брои нивниот број.

Сите обработени податоци се прикажуваат во корисничката платформа, каде што земјоделецот добива јасен и разбирлив преглед на бројот на штетници, нивната динамика низ времето (раст или опаѓање), како и навремени индикации за критичните периоди кога е потребна интервенција.

Контактирај нé и дознај повеќе