Заштедете електрична енергија и оптимизирајте
ја потрошувачката на вода со паметно наводнување.
T-Irrigate е интелигентно решение за оптимизација на наводнувањето, засновано на вештачка интелигенција, кое им овозможува на земјоделците да наводнуваат со точната количина вода, во вистинското време, според реалните потреби на растението и почвата.
Влажност и температура на почвата
Прецизно мерење на влагата и температурата на почвата преку сензори поставени на различни длабочини во кореновата зона, овозможувајќи наводнување со точна количина вода во вистинско време.
Влажност и температура на почвата и EC
Податоците за влага, температура и електрична спроводливост (EC) на почвата овозможуваат прецизни одлуки за фертигација, прилагодени на состојбата на почвата и потребите на растението.
Мерач на проток
Мерење на количината и брзината на протокот на вода низ системот за наводнување, со евиденција на времето на почеток и завршување на секое наводнува
Сензор за притисок на вода
Континуирано следење на притисокот во системот за наводнување за навремено откривање и решавање на проблеми како пад на притисок, запушувања или дефекти.
Врнежи од дожд
Точно мерење на количината на врнежи на самота парцела, со цел избегнување непотребно наводнување и подобро усогласување со природните врнежи.
Ултразвучен мерач на проток
Со примена на ултразвучна технологија, овој сензор овозможува прецизно и безконтактно мерење на протокот на вода во цевководите на pivot системите за наводнување, без нарушување на работата на системот.
Влажност на листовите и температура во крошната
Следење на влагата на листната површина и температурата на крошната, релевантни за појава на болести, росење и оценка на водниот стрес кај растенијата.
Конфигурации на T-Irrigate
Нашите T-Irrigate конфигурации се флексибилно прилагодливи на специфичниот тип на производство, културата и инфраструктурата за наводнување, со цел да одговорат на реалните потреби на секое земјоделско стопанство.
Со стратешко поставување сензори на различни длабочини, системот им овозможува на земјоделците да донесуваат информирани одлуки за наводнување, да ги оптимизираат трошоците за влезни материјали и да имаат целосна контрола врз системите за наводнување под притисок, како капка по капка, pivot и прскалки.
На земјоделците кои користат системи за наводнување капка по капка им овозможуваме прецизно следење на движењето и инфилтрацијата на водата во почвата. Со стратешко поставување на сензорите под и помеѓу емитерите, се добива јасна слика за распределбата на влагата во кореновата зона, што овозможува поефикасно користење на водата и подобра вкупна ефикасност на наводнувањето.
T-Irrigate Pivot им овозможува на земјоделците прецизно и поефикасно управување со pivot системите за наводнување преку интеграција на клучни сензори и GPS технологија. Системот собира и обработува податоци за врнежи, притисок на вода, проток и позиција, овозможувајќи подобра контрола, оптимално распределување на водата и сигурно функционирање на системот за наводнување.
Со поставување сензори за притисок на водата на критични точки долж линијата за наводнување, T-Irrigate Pressure овозможува континуирано следење и брза реакција при појава на проблеми, обезбедувајќи стабилна и ефикасна работа на системот за наводнување.
Со интерпретација на податоците од теренските сензори преку вештачка интелигенција и напредни алгоритми, T-Irrigate им овозможува на земјоделците целосен увид и контрола врз најважните параметри на наводнувањето, прилагодени на секоја парцела и култура.
Преку интуитивен кориснички интерфејс, корисниците можат во секое време да ги следат и анализираат клучните показатели за наводнување, како што се:
• Ниво за започнување на наводнување (Irrigation Start Level)
• Ниво за прекин на наводнување (Irrigation Cut-Off Level)
• Индекс на влага во кореновата зона (Root Zone Moisture Index)
• Температура на почвата (Soil Temperature)
• Влажност на почвата (Soil Moisture)
• Проток / стапка на проток (Flow Rate)
• Траење на наводнувањето (Irrigation Duration)
• Притисок на водата (Water Pressure)